Search

(Видео) Леброн Џејмс го урна рекордот на Абдул-Џабар и стана најдобар стрелец во НБА лигата

На натпреварот од НБА-лига помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Оклахома, Леброн Џејмс (38) постигна 36 поени, со кои го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар (38.387 поени) како најдобар стрелец во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Џејмс сега е рекордер со постигнати вкупно 38.388 поени. Џејмс до рекордот стигна пред крајот на третата четвртина од мечот, кој Лејкерси на крајот го загубија од Оклахома со резултат 130:133.

„Кралот“ имаше просек од 30 поени по натпревар оваа сезона, додека во просек имаше 20 или повеќе поени по натпревар во сите 20 одиграни сезони во НБА. Во кариерата одигра вкупно 1.109 мечеви во регуларниот дел од сезоната, а во 1.101 постигна десет или повеќе поени.

-Само сакам да им се заблагодарам на навивачите на Лејкерс, вие сте единствени. На сите што некогаш биле дел од сето ова во изминатите повеќе од 20 години, сакам да им кажам големо благодарам, сите помогнавте. Сета ваша страст и пожртвуваност ми помогна да стигнам до оваа точка. Да се ​​биде во присуство на легенда како Карим е неверојатно. Ве молам, дајте му на „капетанот“ овации – рече Џејмс.

https://twitter.com/i/status/1623185295481966592

Џејмс е еден од седумте кошаркари кои ја надминаа границата од 30.000 поени во кариерата, но најмладиот што го оствари тоа. Зад Џејмс и Абдул-Џабар е Карл Мелоун со 36.928 поени, Коби Брајант е четврти со 33.643, а во Топ 5 е и Мајкл Џордан со 32.292 поени.

Треба да знаете
Последни објави