Search

Морнарицата на САД објави фотографии од соборениот кинески балон

Американската морнарица објави фотографии од сомнителниот кинески балон кој беше соборен на 5 февруари.

На сликите од командата на американската флота на Фејсбук може да се видат големите остатоци од леталото, кое било високо 60 метри како се влечат до бродот.

Во нивното соопштение се наведува дека морнарите кои ги извлекле остатоците од балонот се дел од специјален тим за експлозиви.

Балонот предизвика дипломатска криза, поради што американскиот државен секретар Ентони Блинкен го одложи патувањето во Кина каде што требаше да се сретне со кинескиот министер за надворешни работи.

Првата средба од ваков тип во последните неколку години беше откажана поради „неодговорен чин“.

Балонот бил извлечен од брегот на Миртл Бич, Јужна Каролина, еден ден откако бил соборен.

Остатоците од авионот биле расфрлани на површина од околу 11 километри, соопшти морнарицата.

Два брода на морнарицата, вклучително и еден со голем кран, беа испратени на локацијата.

Сепак, фотографиите покажуваат како членовите на морнарицата рачно ги извадиле остатоците од балонот.

Американските воени претставници првично изјавија дека го следеле чудниот објект на небото во четвртокот и дека чекаат момент кога ќе биде безбедно да го соборат.

На снимката објавена на телевизија се гледа како балонот паѓа во водата по мала експлозија.

Кина тврди дек станува збор за метеоролошки балон кој бил однесен од ветерот, а го смени и првиот човек на метеоролоката служба.

Треба да знаете
Последни објави