Search

Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Суперлигата, идеја која постоеше само 48 часа, ја доби првата рунда во битката против УЕФА и ФИФА. Желбата, на Реал, Јувентус и Барселона, како најупорни да ја спроведат идејата наскоро би можела да стане реалност.

Стопанскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на „А22 Спортс“, наведувајќи дека Суперлигата има легитимитет и дека клубовите кои се дел од неа не можат да бидат санкционирани од УЕФА и ФИФА, пренесува „Тутомеркато“.

Затоа, можно е да се создаде независно и алтернативно натпреварување бидејќи „ФИФА и УЕФА не можат да ги оправдаат своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол што ја исклучува и инхибира иницијативата на конкуренцијата и претставува злоупотреба од субјекотот кој е во доминантна позиција“.

Пресудата на судот во Мадрид им наредува на ФИФА и УЕФА да се воздржат од преземање какви било мерки или дејствија и од издавање какви било изјави „кои директно или индиректно ја попречуваат подготовката или развојот на Суперлигата и исто така им забранува на фудбалските институции да објавуваат или да се закануваат со какви било дисциплински или казнени мерки, против клубовите, челниците и членовите на клубовите кои учествуваат во подготовките на Суперлигата“.

Инаку, официјалната веб-страница на Суперлигата се уште постои. Сè уште има список од 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико, Барселона, Интер, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем), како и разработен систем на натпреварување…

Треба да знаете
Последни објави