Огромниот број постигнати голови е плод повеќе на првото полувреме, бидејќи токму вештината да се сочува сопствениот гол ја доведе „фуријата“ до целта. Меѓутоа, во првиот полчас едноставно се „леташе“ по теренот и на двете страни со еден „трчај шутирај“ стил, кој повеќе им одговараше на Швеѓаните. Водеа постојано, иако со кревка позитива некаде до 15. минута.
Потоа со една серија првпат се одлепија на плус три (16-13), а наскоро поведоа и со 20-16, разлика која ја задржаа и до крајот на половремето, со точно 40 постигнати гола.