Search

Германците ја победија Холандија и ја оставија Србија без шанси за четврт-финале

Гереманија со 33:26 ја победи Холандија и се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, така ставајќи крај на сите надежи на Србија за пласман во финалната рунда на Мундијалот.

Голманот на Германија, Андреас Волф имаше фантастична партија со дури 17 одбрани и беше најзаслужен за победата.

Германците од почеток до крај ја има предност против „лалињата“, правејќи предност од 3 гола, а во второто полувреме таа постојано да расте. Јури Кнор со 9 гола и Јоханес Гола, Јулија Костер и Каи Хафнер со четири гола беа предводници на Германците додека кај Холанѓаните, Каи Смитс имаше шест, а Лук Стеинс заврши со пет гола.

Во последното коло од групата, Германија и Норвешка ќе се борат за првото место во групата 3.

Данска, пак, со 33:24 ја совлада репрезентацијата на САД, со што шансите на Хрватска за пласман останаа во доменот на теоријата – во последното коло Данска треба да загуби од Египет, а Хрватска да ја победи САД со над 20 голови разлика.

Треба да знаете
Последни објави