Search

Ја претепал поранешната сопруга пред синот, па и се заканил дека ќе ја убие

Полицијата во Нов Белград го уапсила Борис С. под сомнение дека во средата вечерта на сред улица ја претепал поранешната сопруга А.С. пред детето, а потоа и се заканил дека ќе ја убие. Тој денеска ќе биде сослушан во Третото основно јавно обвинителство во Белград за семејно насилство. Според информациите на српските медиуми, откако ја претепал со раце и нозе пред очите на синот, несреќната жена паднала на улица. Потоа, наводно, ја удрил со нога уште неколку пати и и се заканил: „Ќе те убијам“. Борис потоа влегол во автомобилот и побегнал. Полицијата набрзо го уапсила и му ставила полициска мерка притвор.

Несреќната жена била прегледана во Белград, каде по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави