Search

Лајпциг ја прекина победничката серија на Баерн

Рестартот на сезоната во Бундеслигата донесе големо дерби за почеток, но на крајот двата тима кои се борат за титулата се задоволија со поделба на бодовите и реми.

Реално гледано, резултатот 1:1 е најдобра отслика за она што се случуваше на теренот, бидејќи ниту еден од ривалите не направи доволно за да освои цел плен.

Баерн Минхен прв зададе удар во првото полувреме и поведе со голот на Чупо Мотинг, кој продолжи онаму кадешто застана во првиот дел од сезоната.

Напаѓачот го искористи прецизното додавање од Гнабри за да погоди за 0:1, но Ред Бул Лајпциг сепак го немаше кажано својот послден збор.

Баерн без проблем го исконтролира првото полувреме откако постигна гол, но на стартот на второто, рано прими погодок. Кимих направи грешка и тоа водеше до израмнувачки гол на Халстенберг, кој иако се проверуваше, на крајот беше признат.

Израмнувањето дојде во 52-та минута од мечот, но тоа се покажа и како последно големо возбудување пред двата гола.

Треба да знаете
Последни објави