Search

Бајден опуштен поради аферата „Корвета“, вели дека не се кае

Американскиот претседател Џо Бајден е во центарот на идентична афера во која се најде неговиот претходник Доналд Трамп.

Кај Бајден се пронајдени и доверливи документи.

Претседателот Џо Бајден изјави во четвртокот дека „не жали“ поради проблематичното ракување со доверливите документи кои беа откриени во неговиот дом и поранешна канцеларија во Вашингтон.

Тој го кажа ова за време на турнејата низ Калифорнија за проценка на штетите предизвикани од серијата снежни бури, а по говорот не можеше да избегне да биде прашан од новинарите за аферата која ја тресе цела Америка.

– Знаете она што, искрено, ме мачи е што имаме сериозен проблем за кој зборуваме овде. Зборуваме за тоа што се случува, а луѓето навистина не разбираат зошто не ми поставувате прашања за тоа“, рече Бајден, мислејќи на штетата.

– Откривме дека неколку документи се поднесени на погрешно место. Веднаш ги предадовме во Архивот и Министерството за правда. Целосно соработуваме и со нетрпение очекуваме брзо да го решиме ова прашање. Мислам дека нема да најдат ништо таму. Не се каам. Следам што ми кажаа адвокатите. Токму тоа го правиме – рече Бајден.

Белата куќа соопшти дека адвокатите на Бајден откриле доверливи документи и официјални записи во четири различни прилики – на 2 ноември во канцелариите на Центарот Пен Бајден во Вашингтон, како и во гаражата на претседателот во Вилмингтон и на 11 и 12 ноември во канцеларијата на претседателот.

Бајден претходно го критикуваше својот претходник дека има толку чувствителни досиеја.

– Кога видовте фотографија од строго доверливи документи поставени на подот во Мар-а-Лаго, што си помисливте гледајќи ја таа слика? – го праша новинарот.

-Како можеше да се случи тоа, како може некој да биде толку неодговорен. И помислив кои податоци се таму што можат да ги компромитираат изворите и методите. Под тоа мислам на имињата на луѓето. Тоа е целосно неодговорно – рече Бајден.

Треба да знаете
Последни објави