Search

Бајден во обиколка на Калифорнија погодена од серија смртоносни бури

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Калифорнија во посета на областите погодени од серијата бури што предизвикаа огромни поплави, соборени дрвја и предизвикани одрони.

Бајден слета во Санта Клара придружен од шефицата на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА), Дина Крисвел, а потоа со хеликоптер направи обиколка на други локации погодени од невремето јужно од Сан Франциско, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател, кој во саботата одобри федерална помош за трите тешко погодени окрузи во северна и централна Калифорнија, на федералниот аеродром Мофет беше пречекан од гувернерот Гевин Њусом и други официјални лица.

Се очекува Бајден да има средби во градот Капитол со сопственици на компании, локални жители и лидери на заедниците, како и со екипи за итна помош, а на плажата Сиклиф се очекува да има јавно обраќање.

Во текот на трите последни недели во девет бури класифицирани како „атмосферски реки” загинаа најмалку 20 лица.

Треба да знаете
Последни објави