Ројс се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед

Марко Ројс повеќе од една деценија е дел од Борусија Дортмунд, меѓутоа токму оваа сезона може да биде негова последна во сегашната средина.

Договорот му завршува во месец јуни и засега нема најави дека ќе има продолжување на соработката иако самиот играч порача дека Дортмунд е во неговото срце. Сепак во исто време тој нагласи дека мора да се размислува и за иднината, да се има опции, па така медиумите пред некое време го поврзаа со Ал Наср од Саудиска Арабија, а сега се говори за негов изненадувачки премин во Манчестер Јунајтед.

Агентите на напаѓачот, Дирк Хебел и Дарен Фримен беа забележани на „Олд Трафорд“, па не требаше многу да се „однесе“ Ројс во англискиот великан.

Марко во мај ќе наполни 34 години, а во оваа сезона има 3 гола и 4 асистенции на 12 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави