По разводот, Франческо Тоти излезе во јавност со новата девојка

Легендата на италијанскиот фудбал Франческо Тоти конечно се појави во јавност со новата девојка по разводот од Иларија Блази.

Поранешниот фудбалски ас минатата година по 17 години брак се разведе од ТВ-водителката Иларија Блази, а сега е со Ноеми Бочи. Фудбалерот ја откри врската со Ноеми во октомври минатата година.

А сега, папараците ја снимија новата двојка на плажа. Ноеми привлече многу погледи додека чекори по песокот во горен дел од костим за капење, шорцеви и кошула.

Судејќи според фотографиите, Бочи, по професија цвеќарка, родена во Рим, носи златен „ролекс“ вреден 13.200 фунти, пишува британски „Сан“.

Треба да знаете
Последни објави