Гвардиола: Ова беше лошо издание

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити неочекувано загуби од Саутемптон во четвртфиналето на Карабао купот, а тренеропт Пеп Гвардиола признава дека неговиот тим не заслужил да се пласира во следната рунда.

Манчестер сити не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот, а Пеп смета дека фудбалерите на Сити потфрлиле во многу сегменти.

– Подобриот тим победи. Ние не игравме добро, не игравме добро од почетокот, но имало и други натпревари каде не сме почнале добро, а подоцна сме успевале да се вратиме.  Изгледаше како да не сме подготвени, ова беше лоша ноќ, постојано доцневме на секој потег. За да победиш, треба да го заслужиш тоа, а ние не заслуживме такво нешто, изјавил Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави