Search

Јувентус до крајот на јануари без повредениот Влаховиќ

Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ нема да биде во составот на клубот од Торино до крајот на јануари, објавија денеска локалните медиуми. 

Влаховиќ ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус во Серија А против Наполи, Аталанта и Монца, а српскиот репрезентативец нема да може да му помогне на својот клуб и на дуелот од осминафиналето во Купот на Италија против Монца на 19 овој месец. 

Влаховиќ беше дел од составот на Србија на Мундијалот во Катар, но поради повреда имаше помала минутажа. 

Јувентус е во проблеми со повредени играчи и во моментов, покрај Влаховиќ, не може да смета ниту на услугите на Пол Погба, Леонардо Бонучи, Хуан Квадрадо, Матија де Шиљо и Глејсон Бремер.

Треба да знаете
Последни објави