Почина Џанлука Вијали

На 58-годишна возраст денеска почина поранешниот италијански фудбалер и тренер Џанлука Вијали.

Тој боледуваше од рак на панкреасот, кој му беше откриен во 2017 година, по што беше подложен на хемотерапија.

Фудбалската кариера Вијали ја започна во Кремонезе, каде играше од 1980 до 1984 година. Од Кремонезе замина во Сампдорија од каде во 1992 година се пресели во Јувентус, а четири години подоцна во Челси.

Треба да знаете
Последни објави