Search

Гвардиола: До крајот мораме да бидеме совршени ако сакаме да ја сочуваме титулата 

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, шпанскиот стратег Пеп Гвардиола, им порача на своите избраници дека во преостанатиот дел од сезоната мораат да бидат речиси совршени за да се вклучат во битката за  одбрана на титулата со лидерот Арсенал, пренесува Би-Би-Си. 

Манчестер сити во моментов е второпласиран на табелата во Премиер лигата со осум бодови заостанување зад Арсенал. 

„Начинот како да се намали разликата е да се играат добри натпревари и да се победува. Како што игра досега, Арсенал ќе освои 100 или повеќе бодови. Ако продолжат по овој пат нема да можеме да ги стигнеме. Мораме да бидеме речиси совршени до крајот на сезоната и да се надеваме дека (Арсенал) малку ќе падне во својот ефект, бидејќи против Њукасл беа одлични”, изјави Гвардиола. 

Манчестер сити вечерва во рамки на 19. коло му гостува на десеттопласираниот Челзи и со евентуален триумф ќе му се приближи на Арсенал на пет бодови. 

Треба да знаете
Последни објави