Search

Манчестер јунајтед планира да го продолжи договорот со Де Хеа

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа е блиску до продолжување на договорот со „црвените ѓаволи”, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека англискиот клуб е подготвен да му понуди нов договор на Шпанецот.

– Во овој поглед, смирен сум, можам само да се надевам дека сè ќе заврши како што треба. Би сакал да ја завршам кариерата во Манчестер јунајтед. Веќе разговарав за ова со раководството на тимот. За мене е голема чест што сум овде. Среќен сум во Манчестер, изјави Де Хеа.

Триесет и едногодишниот голман брани за Манчестер јунајтед од јули 2011 година. Во сезоната 2022/23 тој прими 22 гола на 19 натпревари, на девет средби ја зачува мрежата „чиста”.

Актуелниот договор на голманот е со важност до крајот на јуни 2023 година. 

Треба да знаете
Последни објави