Search

Кирјос се повлече од турнирот во Аделаида

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од турнирот во Аделаида кој ќе се одржи следната недела, пренесува „EntryLists” на социјалните мрежи.

Во ждрепката ќе го замени Британецот Кајл Едмунд.

Претходно Австралиецот го пропушти Купот на Јунајтед. Беше објавено дека за време на егзибициски турнир во Дубаи, тој доживеал проблеми со скочниот зглоб.

Така 22-от на АТП ранг-листа Кирјиос ќе ја започне сезоната на Австралија опен.

Турнирот во Аделаида ќе се одржи од 9 до 14 јануари.

Треба да знаете
Последни објави