Search

Евролигата го регистрира Кампацо

Евролигата го регистрираше играчот на Црвена звезда Факундо Кампазо, објави „ Телеспорт“.

Клубот од Белград, две недели чекаше Евролигата да го регистрира повратникот од НБА лигата. Поради тоа Кампацо не настапи против Олимпијакос и Барселона. За Црвена звезда дебитираше во АБА лигата, во убедливиот триумф над Борац.

Црвена звезда, во ноември доби забрана од Евролигата за регистрација на нови играчи.

„Звезда ги подмири обврските кон Евролигата, ја испрати сета потребна документација, а Евролигата ја укина забраната за шампионот на АБА-лигата“, пишува „Телеспорт“.

Евролигашкото деби во црвено-белиот дрес, Кампацо ќе го има на 6.јануари во Валенсија.

Треба да знаете
Последни објави