Search

Судијата Лахоз во „главна улога“ на градското дерби меѓу Барселона и Еспањол

Барселона ја пропушти шанса сама на лидерската позција во шпанската фудбалска Ла Лига да ја дочека 2023 година, откако во градската пресметка со Еспањол попладнево ремизираше (1:1). Во тензичен натпреавр судијата Антонио Лахоз ја одигра „главната улога“. Подели дури десет жолти картони за Барселона, од кои два за Жорди Алба кој поцрвене и во 78 минута беше испратен во соблекувалната. Играчите на Еспањол осумпати пожолтеа, а двапати на судиската „жолта“ листа се најде Винисиус Соуза, за кој мечот заврши во 80 минута.

Во 2023 година лутите ривали Барселона и Реал Мадрид  ќе влезат со исто бодовно салдо. Каталонците се лидери поради подобрата гол-разлика. За Барса ова е второ сезонско реми во 15 меча и има 38 бода колку и Реал Мадрид, додека Еспањол дојде до четврто реми во последните пет меча и вкупно седмо за 13 бода и пласман на 16-та позиција.

Маркос Алонсо даде гол за Барселона уште по седум минути игра, а има и 77-те отсто посед на топката, 20. шутеви кон гол и на крајот не победија. Еспањол одигра во подредена улога, но дојде во шанса да освои бод и ја искористи. Во 73 минута  стрелецот на голот за Барселона, Алонсио фаулираше за пенал кој го реализираше Жоселу.

 

Треба да знаете
Последни објави