Search

Повеќето од Австралијците се против доаѓањето на Ѓоковиќ во земјата

Речиси пола од граѓаните на Австралија кои биле опфатени со анкетата која ја спроведе најтиражниот весник „Д Ејџ“, сметаат дека еден од најдобрите тенисери во светот Србионот Новак Ѓоковиќ не требало да добие дозвола да се натпреварува на првиот гренд счем сезонава „Австралија Опен“.

Против доаѓањето на деветкратниот победник на „Австарлија опен“ се изјасниле 41% од анкетираните во земјата. Незаинтересирани за овој случај биле 29%, додека 30% сметале дека укинатат забрана за Србинот да може да дојде во Австралија е добар потег.

На почетокот на годинава која заминува дури 71% ја поддржаа депортацијата на Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави