Search

И Македонија имаше свои претставници кои играа против легендарниот Пеле

Фудбалскиот свет тагува, се простува и се присетува по синонимот за највжната споредна работа – легендарниот Бразилец Пеле кој почина во 82 година од животот. Во Бразил е прогласен тридневна жалост, а погребот ќе биде извршен во вторник. Спортската јавност споделува сеќавања и моменти со легендарниот Бразилец.

И македонскиот фудбал има сови двајца претставници кои ја имале честа да играат против Пеле. Тоа се Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски.

Спасовски и Дојчиновски, кој за жал почина оваа година, беа дел од репрезентација на поранешната заедничка држава – Југославија, која играше против Бразил во 1968 година на славната „Маракана“ пред повеќе од 150.000 гледачи.

Двајцата Македонци беа во почетниот состав на „сините“, а Спасовски во седмата минута постигна и гол. Натпреварот заврши без победник 3:3.

Треба да знаете
Последни објави