Договорот на Гакпо со Ливерпул ќе биде на шест години

Напаѓачот Коди Гакпо има шестгодишен договор со Ливерпул, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според добриот познавач на случувањата во европскиот фудбал, сите точки од договорот на „црвените” со 23-годишниот Холанѓанец веќе се договорени.

Претходно клубот од Ајндховен го објави трансферот на 23-годишниот Холанѓанец во Ливерпул.

„The ​​Athletic” објави дека сумата за трансфер ќе биде 45 милиони евра.

Оваа сезона 23-годишниот крилен напаѓач забележа 14 настапи во холандската лига и постигна девет гола плус 12 асистенции.

На Светското првенство 2022, напаѓачот одигра пет натпревари за својата репрезентација и постигна три гола.

Треба да знаете
Последни објави