По пауза од четири децении Ирак домаќин на Заливскиот куп

Фудбалската федерација на Ирак објави дека овој викенд почнува продажбата на влезниците за 25. Издание на Заливскиот куп., прво регионално фудбалско натпреварување кое ќе биде организирано во оваа земја по пауза од четири децении.

Изнесувајќи детали околу завршниот турнир, првиот човек на ирачкиот фудбал Аднан Дирјал, на конференција за новинари во хотел во Басра, прецизираше дека влезниците ќе се продаваат по цена од 10 до 30 долари.

Ирачките власти мината недела најавија укинување на визите за странските навивачи, надевајќи се дека ќе привлечат фудбалски навивачи од земјите од Заливот, пред сè од Кувајт, чија граница е на само педесетина километри од Басра, каде ќе се одржи Заливскиот куп.

Заливскиот куп, на кој ќе настапат осум арапски држави од Заливот, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт, Катар и Јемен, ќе се одржи од 6. до 19. јануари на два новоизградени стадиони во Басра.

Треба да знаете
Последни објави