Манчестер сити му понуди на Лајпциг 110 милиони евра, вклучувајќи бонуси за Гвардиол

Актуелниот англиским фудбалски шампион Манчестер сити е заинтересиран за потписот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Лајпциг, Јошко Гвардиол.

Според „Foot Mercato” премиерлигашот дал понуда за трансфер од 110 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Дополнително, германскиот клуб може да добие 20% од сумата за препродажба на играчот.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола веќе разговарал со Гвардиол за можен трансфер.

Исто така, неодамна беше одржан состанок помеѓу претставници на Манчестер сити,  РБ Лајпциг и играчот.

Претходно беше објавено дека предлози за трансфер на Хрватот дале и Манчестер јунајтед (клубот понудил 90 милиони евра) и Челзи (95 милиони).

Лајпциг го купи дефанзивецот од Динамо Загреб пред година и пол за 19 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави