Search

Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Сопственикот на „Твитер” и на „Тесла”, Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс”.

Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер” за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили.

Првото место го зазеде Бернард Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон” и бројни компании чие богатство според „Форбс” се проценува на 185,4 милијарди долари.

Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави