Search

Прв гол на Левандовски на Мундијалите во триумфот над Саудиска Арабија

Фудбалерите на Полска ја победија со 2:0 Саудиска Арабија во вториот денешен меч на Мундијалот во Катар. Саудијците по сензационалниот триумф над Аргентина во првото коло денеска немаше доволно сила за нова победа.

Од друга страна, Полјаците по ремито о Мексико и денешната победа се први во групата, но нивниот пласман во следната рунда не е сигурен/

Во возбудливиото прво полувреме со многу шанси на двете страни, бурни беа завршните минути од првото полуврме во кои Полска поведе преку Зјелински, а Шчешни одбрани пенал.

Во 39. минута на асистенција на Левандовски соиграчот на Елиф Елмас успеа да го совлада саудискиот голман, а откако Ал Шехри падна во шестнаестникот во 43. минута, Ал Давсари не успеа да го совлада полскиот голман од белата точка, а Полјакот успеа да го одбрани и ударот од одбиената топка.

Роберт Левандовски конечно даде прв мундијалски гол за Полска, погоди во 82. минута и ја потврди победата од 2:0 на својата репрезентација против Саудиска Арабија.

Еден од најдобрите стрелци на планетата долго постеше на Светските првенства, а денеска го даде 77-от гол за Полска.

Иако загубија репрезентативците на Саудиска Арабија пак одиграа добар меч, откако во првото коло со пресврт приредија сезнација со триумф против Аргентина.

Денеска имаа огромен посед на топка од 64 посто, имаа повеќе удари кон голот од ривалот и многу подобри шанси, но промашуваа и беа казнети.

По две кола Полска е лидер во Ц групата со 4 бода, еден повеќе од Саудиска Арабија. Аргентина е без бодови, но вечер од 20 часот го игра мечот од второто коло со Мексико, селекција која има еден бод.

Треба да знаете
Последни објави