Search

Познат „Ол-стар” тимот на ЕХФ ЕУРО 2022, Рајстад МВП

Европската ракометна федерација на последниот ден од Еуор 2022 ги прогласи најдобрите.

Признанието за најкорисна ракометарка на евро-шампионатот е за Хени Рајстад од Норвешка.

„Ол-стар” тимот го сочинуваат:

Голман: Клеопатре Дарло, Франција

Лево крило: Ема Фрис, Данска

Лев бек: Кристина Неагу, Романија

Централен бек: Стине Офтедал, Норвешка

Десен бек: Катрин Клујбер, Унгарија

Десно крило: Јованка Радичевиќ, Црна Гора

Линиски играч: Паулета Фопа, Франција

Најдобар дефанзивец: Кетрин Хајндал, Данска.

Последните два натпревара на Еуро 2022 ќе се играат вечерва:
17:45 часот Црна Гора – Франција за 3. место
20:30 часот Данска – Норвешка финале.

Треба да знаете
Последни објави