Search

 Рубљов последен полуфиналист на завршниот АТП турнир

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е последен полуфиналист на завршниот АТП турнир во Торино, откако го решавачкиот дуел во Црвената група го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3-6, 6-3, 6-2.

Рубљов во полуфиналето ќе се соочи со победникот од Зелената група, Норвежанецот Каспер Рид, додека второто полуфинале ќе биде српско – американско меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ го заврши групниот дел од завршниот турнир на осумте најдобри тенисери со три победи.

Во својот трет настап Ѓоковиќ по три часа и 11 минути игра го совлада Русинот Данил Медведев (6-3, 6-7, 7-6) и непоразен е во игра за наградата од речиси 4.5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави