Search

На новинар не му беше дозволено да снима во Катар за Мундијалот

Светското првенство во Катар го следат контроверзи од самото доделување на организацијата на турнирот оваа држава, а сега, на еден ден пред почетокот, изгледа започнуваат и првите проблеми.

Во центарот на вниманието се најде новинарот на данската телевизија, „ТВ2“ на кого не му беше дозволено да снима и покрај сите потребни акредитации.

Додека новинарот беше вклучен во програма во живо во Данска, неколкумина луѓе дојдоа и веднаш го прекинаа преносот и ги покрија камерите.

Како што може да се види на снимката, им ги приложи сите потребни документи, но Катарците и покрај не му дозволија да продолжи со емитувањето на линкот. На социјалните мрежи подоцна тој објави дека добиле извинување од Катарската интернационална медиумска канцеларија, но и запраша дали со вакви проблеми ќе се соочуваат и останатите негови колеги.

Треба да знаете
Последни објави