Search

СП2022: Катарскиот селектор верува во конкурентност на неговата репрезентација

Селекторот на катарската фудбалска репрезентација Феликс Санчез зрачи со оптимизам пред дебитантскиот настап на неговата екипа на Светското првенство на кое ќе бидат домаќини.

– Беше тешко замисливо дека во 2019 година ќе го освои Азиското првенство, но го направивме тоа. Не велам дека ќе бидеме светски прваци, целта ни е да се натпреваруваме на највисоко ниво, изјави денеска 46-годишниот Санчез.

Мундијалот в недела ќе биде отворен со дуелот меѓу Катар и Еквадор.

Во репрезентацијата на Катар нема ниту еден фудбалер со меѓународно искуство, бидејќи сите играчи настапуваат во катарската лига.

Треба да знаете
Последни објави