Search

Пет митови за неплодноста

Речиси шест милиони деца во светот се родени со вештачко оплодување (ин витро).

Со оптимално лекување и правовремено третирање на проблемот, и до 80% од лицата што поради неплодност не би можеле да добијат дете, денес можат да станат родители.

Ги бележиме најголемите митови за неплодноста што мора да ги знаат сите двојки што не можат по природен пат да добијат дете.

Мит бр.1: Сите други забременуваат без никаков проблем!

Факт: Денес просечно секоја шеста двојка е неплодна.

Мит бр.2: Можеби вие двајцата правите нешто погрешно.

Факт: Неплодноста не е сексуално нарушување.

Мит бр.3: Неплодноста ги погодува само двојките што никогаш немале деца.

Факт: Тоа воопшто не е вистина. Секундарната неплодност е почеста од примарната.

Мит бр.4: Ако посвоите бебе, ќе забремените.

Факт: Повеќето неплодни двојки добиле ваков совет од роднини и пријатели со приказна за некоја друга неплодна двојка која откако посвоила дете, успеала да оствари природна бременост. Но, истражувањата покажуваат дека стапката на забременување по посвојувањето дете е еднаква кај двојките што посвоиле со оние што не посвоиле дете (околу 5%).

Станува збор за тоа дека почесто слушаме приказни за оние двојки што оствариле природна бременост по посвојувањето дете за разлика од оние што не успеале во тоа.

Мит бр.5: Сопругот/сопругата ќе ме остави ако не добиеме дете.

Факт: Повторно го потенцираме фактот дека неплодноста не е проблем само кај жената во врската или бракот. Квалитетните партнерски односи и стабилноста на врската/бракот повеќе зависат од тоа колку секој поединечно вложува во меѓусебните добри односи, односно од тоа дали се усогласени вашите желби, потреби и очекувања, а помалку од фактот дали имате или немате деца.

Треба да знаете
Последни објави