Search

Манчестер јунајтед тргна мурал од Кристијано Роналдо на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Како што стојат работите, Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед по шокантното интервју кај Пирс Морган.

Во интервјуто Роналдо отворено зборуваше дека не го почитува менаџерот Ерик Тен Хаг и ги нападна сопствениците на клубот. Манчестер Јунајтед официјално излезе само со кратко соопштение во кое порача дека ја следи ситуацијата, а за дополнителни санкции ќе се одлучува во наредниот период.

Сепак, денешниот потег на клубот од „Олд Трафорд“ покажува дека доаѓа крајот на „љубовта“ помеѓу Роналдо и „црвените ѓаволи“. На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како се отстранува неговиот постер пред „Олд Трафорд“.

Треба да знаете
Последни објави