Search

Аргентинците покажаа сила против Саудиска Арабија

Фудбалската репрезентација на Аргентина оствари убедлив триумф (0:5) на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби. „Гаучосите“ демонстрираа дел од својата врвна класа и најавија дека ќе бидат меѓу најголемите фаворити на Светското првенство.

Хулијан Алварез го отвори резултатот, а потоа двапати стрелаше Анхел Ди Марија. До крајот на првиот дел погоди и Лионел Меси.

Во второто полувреме голеадата ја заокружи Хоакин Кореа.

Треба да знаете
Последни објави