Search

Мане го пропушта стартот на Мундијалот

Напаѓачот на Сенегал, Садио Мане, поради повреда, ќе ги пропушти првите натпревари на претстојното Светско првенство, објавија вечерва локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на претставник на сенегалската фудбалска Федерација.

Мане се повреди минатата недела во натпреварот од германското првенство меѓу Баерн и Вердер.

Фудбалерот на Баерн го повреди десното потколено, а селекторот Алио Сисе рече дека Мане нема да мора да биде опериран.

Сепак, шансите Мане да се најде во сенегалскиот состав на премиерниот натпревар на Мундијалот против Холандија на 21 ноември се многу мали.

– Ќе мораме првите натпревари да ги играме без Садио и да победуваме без него, бидејќи освен Садио имаше уште 25 играчи. Никој не посакуваше, но тоа ни се случи, изјави Абдулае Соу, од Фудбалската федерација на Сенегал.

Треба да знаете
Последни објави