Search

Зидан ќе го замени Дешамп на кормилото на Франција

Зинедин Зидан се враќа на тренерската работа после една и пол година пауза, а ќе стане селектор на репрезентацијата на Франција каде што ќе го замени Дидие Дешамп.

Зидан го напушти Реал во мај 2021 година, одлучи да се одмори и ги одби сите понуди што стигнаа на негова адреса.

-Зидан ќе биде нов селектор на Франција по СП без оглед на тоа што ќе направат на истото. Договор е постигнат и ќе стартува од јануари 2023 година“, напиша новинарот Серж Валентин.

Зи-зу лично потврди дека наскоро ќе се врати на тренерската работа но не откри каде.
„Наскоро се враќам. Имајте трпение, ќе видите каде“, истакна Зи-Зу.

Треба да знаете
Последни објави