Search

(Видео) Дончиќ направи чудо какво што не е видено 60 години во НБА

 

Словенечкиот кошаркарски интернационалец Лука Дончиќ го потврдува од натпреавр во натпревар епитетот – фаворит за МВП-трофејот сезонава во НБА, откако седми меч по ред има постигнување какво не е видено 60 години во најслината лига на светот. Дончиќ игра во фантастична форма, а во вчерашниот триумф на Далас против Јута (103:100) учествуваше со  33 поени, 11 асистенции и 5 скока.

Од стартот на сезоната Далас имас скор од четири победи и три порази, а на сите седум натпревари Дончиќ постигнуваше 30 и повеќе поени. Вакво нешто во НБА лигата претходно му успеа на Вит Чембрлен во далечната 1962 година. Дончиќ е само третиот кошаркар со ваков учинок, покрај Чембрлен на кого му успеа двапати своето име во историјата го запиша и Џек Твајман во 1959 година.

Сепак за Дончиќ да стане кошаркарот кој најмногу постигнувал 30+ поени во низа ќе му треба вистинско чудо затоа што Чембрлен во споменатата 1962 година таков учинок имаше на првите 23 натпревари.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бостон 114:113, Мајами – Сакраменто 110:107, Њујорк – Атланта 99:112, Чикаго – Шарлот 106:88, Хјустон – ЛА Клиперс 101:109, Милвоки – Детроит 116:91, Сан Антонио – Торонто 100:143, Далас – Јута 103:100, Портланд – Мемфис 106:111, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120:117 (прод).

Треба да знаете
Последни објави