Search

Борусија Дортмунд бара 150 милиони евра за Белингам

Бундеслигаш Борусија Дортмунд ќе бара обесштетување во износ од 150 милиоини евра за младиот англиски играч за врска Џад Белингам, јавија денеска шпанските и германските медиуми.

Младиот 19-годишен Белингам се најде на радарот на бројни европски гиганти, а најгласно се спомнуваат Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул и Челзи.

Според медиумите, приказната за Белингам ќе наликува на сценариото околу Ерлинг Халанд за кого беше заинтересирана „половина Европа”. На крајот, норвешкиот голгетер прејде од Борусија Менхенгладбах во Манчестер сити за 60 милиони евра. Главната разлика е што Халанд имаше откупна клаузула, а такво нешто во договорот на Белингам нема.

Белингам дојде во Борусија Дортмунд од Бирмингем во мај 2020 година за 28 милиони евра, а неговиот договор со германскиот прволигаш е со важност до 2025.

Треба да знаете
Последни објави