Search

Томас Рајс нов тренер на Шалке

Гермнаскиот фудбалски бундеслигаш Шалке денес го нзаначи Томас Рајс за шеф на стручниот штаб. Како што информира прес-службата на клубот од Гелзенкирхен, 49-годишниот Рајс веднаш ја презема екипата и првиот тренинг ќе го одржи денес.

Во стручниот штаб ќе се приклучи и Маркус Гелхаус кој веќе има работено со Рајс во Бохум.

Важноста на договорот не е објавена, но новинарот Фабрицио Романо објави дека договорот е до јуни 2024 година.

Рајс претходно работеше во Бохум, со кого ја освои втората Бундеслига во 2020/21. По лошиот почеток на сезоната 2022/23, тој доби отказ.

На 20 октомври Шалке го отпушти главниот тренер Франк Крамер. На 26 октомври, клубот го објави заминувањето на спортскиот директор Рувен Шредер.

Тимот од Гелзенкирхен се наоѓа на последното, 18. место во Бундеслигата со шест бода од 11 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави