Search

(Видео) Фудбалер од 100 милиони евра не знае да погоди празен гол

Ливерпул, во Амстердам, го потврди пласманот во осмина-финалето во фудбалската Лига на шампиони. „Црвените“ го победија Ајакс со 3:0.

Натпреварот ќе се памети и по нестварното промашување на напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Во 44. минута Уругваецот ја прими топката на пет метри, голот беше празен, а тој ја погоди стативата.

Нуњес грешката ја исправи во второто полувреме кога го постави конечниот резултат.

Уругваецот во летниот преоден рок го засили Ливерпул. Клубот за него на Бенфика и плати фиксни 80 милиони евра, а во зависност од исполнувањето на бонусите трансферот може да достигне максимална сума од 100 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави