Search

Интер рутинирано против Викторија, Порто го растури Бриж

Интер ја победи Викторија П’лзењ со 4:0 и си обезбеди директен пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Во уште еден меч што се играше од 18.45 часот, Порто му ја распара мрежата на Бриж, единствиот тим што во досегашните четири кола немаше примено гол и победи во Белгија со идентични 4:0.

Хенрих Мхитарјан погоди за Интер во 35-тата минута и стана играч што дал барем по еден погодок во четири тима во Лигата на шампионите.

Претходно беше стрелец за Шахтар, Борусија Дортмунд и за Манчестер јунајтед.
Потоа на сцена стапи Един Џеко со два гола, негови 53-ти и 54-ти во ЛШ, со што влезе во Топ-20 според бројот на погодоци во елитното натпреварување.

Точка на победата стави Ромелу Лукаку со погодок во финишот. Интер е втор во Ц групата со 10 бода од пет кола, зад Баерн со 12 од четири меча и е недосижен за Барса со четири бода и за Викторија П’лзењ без бодови.

Порто со идентични 4:0 го декласира Бриж, единствената екипа досега што немаше примено гол.

Првиот им го даде Мехди Тареми, а потоа во листата со стрелци се запишаа и Еванилсон, Еустакио и повторно Тареми.

Бриж е веќе во осминафиналето со 10 бода бидејќи има подобар меѓусебен скор од Атлетико Мадрид, кој не може да ги стигне, а има четири бода и два меча за одигрување.

Порто е втор со 9 бода и ако вечерва Атлетико Мадрид не го победи Баер Леверкузен, ќе му се приклучи на Бриж во осминафиналето во ЛШ.

Иако Порто славеше со убедли 4-0 сите зборуваат за голманот Диого Коста.

Португалецот успеа да му одбрани пенал на Ноа Ланг во 51.минута при резултат 0-1. Интересно е тоа што ова е вкупно трет одбранет пенал на Коста оваа сезона во Лигата на шампиони на петтиот натпревар откако претходно одбрани два удари од 11 метри на Баер Леверкузен.

Тој е прв голман што успеал да одбрани три пенали во една сезона во Лигата на шампиони од 2003/2004 па наваму.

Треба да знаете
Последни објави