Search

Тејтум и Лилард се најдобрите играчи во првата недела од новата сезона во НБА-лигата

Играчот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум и членот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард, се прогласени за кошаркари во првата недела на НБА-лигата сезона 2022-23 во Источната и Западната конференција.

Селтикси и Блејзерс ја започнаа сезоната со три победи во три натпревари.

Просекот на Тејтум во првата недела беше 34,7 поени и 8,3 скока по натпревар со 58,7 отсто шут од поле.

Лилард имаше просек од 34 поени, 5,3 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави