Search

Роналдо помилуван, вратен во екипата

Кристијано Роналдо денеска се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед и ќе биде во конкуренција за натпреварот од 5. коло во Лига Европа против Шериф.

Португалецот го пропушти дербито со Челзи откако беше суспендиран поради непочитување на клубот на натпреварот со Тотенхем.

На споменатиот натпревар Роналдо одби да влезе во игра во 85. минута, по што доброволно замина во соблекувалната, а откако беше нападнат од сите навивачи на овој клуб, менаџерот Тен Хаг го пречкрта и го исфрли од првиот тим и конкуренцијата за натпреварот против Челси. Португалецот беше казнет и со милион евра.

Роналдо беше префрлен да тренира со младинците од Олд Трафорд, но сè беше многу брзо решено и Роналдо беше вратен во тимот.

Медиумите во Англија пишуваат дека двете страни го решиле проблемот откако разговарале и дека сега повторно сè е во ред меѓу нив, иако не се знае дали тоа значи дека Роналдо би можел да се врати во стартниот тим, и за натпревари од Лига Европа, и за оние во Премиер лигата.

Медиумите во Англија претходно пишуваа дека Роналдо речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок и дека моментално прв и најголем фаворит за да го доведе е Челси.

Треба да знаете
Последни објави