Search

Побаран притвор за претседателот на Јувентус

Јавниот обвинител во Торино побарал притвор за Андреа Ањели, првиот човек на поранешниот италијански фудбалски шампион Јувентус за време на истрагата која се води против раководството на клубот поради финансиски малверзации.

Јувентус е обвинет за лажирање на податоците кои се однесуваат на финансиското работење на клубот, се манипулирало со цените на пазарот, но и со позајмиците на фудбалерите. Клубот е обвинет за фалсификување на документи и задскирвање на загуба од 200 милиони евра во период од три години. Тие шпекулации беа доволни за да почне истрага против трофејниот калчолигаш.

„Старата дама“ демантираше дека има било какви малверзации, па сега адвокатскиот тим има 20 дена да одговори на обвинувањата.

Треба да знаете
Последни објави