Search

Американската кошаркарка Гринер побара намалување на изречената затворска казна

Американската кошаркарка Бритни Гринер денеска побара намалување на деветгодишната затворска казна, изречена од Судот во Русија поради трговија со дрога.

„Навистина се надевам дека Судот ќе ја прилагоди оваа казна, бидејќи беше многу, многу стресна и мошне трауматична”, изјави Гринер преку видео-пораката на денешното сослушување во жалбената постапка што се води пред Судот во Красногорск, близу Москва.

Рускиот суд на почетокот на август ја осуди американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер на девет години затвор, откако ја прогласи виновна за намерно внесување канабис во Русија.

Треба да знаете
Последни објави