Search

Хабиб: Махачев ќе го задави Волкановски

Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0) е уверен дека Ислам Махачев (23-1) ќе успее да го победи Александар Волкановски (25-1).

Минатиот викенд во Абу Даби, Махачев го совлада Чарлс Оливеира за да ја освои испразнетата титула во дивизијата. Волкановски влезе во кафезот и застана лице в лице со Махачев. Хабиб рече дека сака Ислам да се бори против Волкановски во Австралија во февруари 2023 година.

„Ќе има клинч. Ислам ќе го здроби Волкановски со колена, ќе му ја земе целата енергија, ќе го сруши и ќе го задави. Вака ја замислувам оваа борба“, вели Хабиб.

Треба да знаете
Последни објави