Search

Прва победа на Самп под Станковиќ за одлепување од последното место на табелата

Сампдорија стигна до тешко извојувана 0:1 победа на гости кај Кремонезе, нивни прв триумф оваа сезона во Серија А и прва победа на тренерот Дејан Станковиќ во италијанскиот шампионат, со која се „одлепија“ од последното место на табелата.

Славниот тим од Џенова имаше катастрофален старт на сезоната под Марко Џампаоло, кој доби отказ по осум меча, за во првите два меча под српскиот тренер да одиграат нерешено со Болоња и да загубат минимално од Рома.

Кремонезе имаше совршенa шанса да дојдат во водство кога уште во седмата минута беше досуден пенал, но обидот на Сирил Десерс заврши во рацете на голманот Емил Аудеро. Голот вреден три поени го постигна Гамбиецот Омар Коли, кој својот 30. роденден го прослави во 78. минута од мечот по мешаница пред голот на домаќините. Сега, Сампдорија се на 18. место на табелата со 6 поени, а новиот прволигаш Кремонезе сега останува единствениот клуб без победа и се последни со 4 освоени поени.

Треба да знаете
Последни објави