Search

Русија го „наплати“ одземањето на домаќинството на финалето во ЛШ

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) поради војната во Украина одлучи да ѝ го одземе домаќинството на Русија, која требаше да го организира овогодишното финале во Лигата на шампионите.

Мечот за титула во елитното клупско натпреварување требаше да се одржи во Санкт Петербург. Финалиситите Реал Мадрид и Ливерпул гостуваа во Париз, поради санкцијата од страна на УЕФА кон Русија.

Алексеј Сорокин, претставник на Руската фудбалска федерација, откри дека УЕФА не поминала без „казна“ за овој чин.

-Завршени се сите порамнувања со изведувачите кои имаа трошоци поврзани со подготовката. Исплатени се сите направени трошоци, сите сметки се затворени и УЕФА ги исполни сите обврски кон изведувачите кои беа во договорите“, рече Сорокин.

Треба да знаете
Последни објави