Search

Одермат победник на првиот сезонски велеслалом

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи денеска во првата сезонска велеслаломска трка која во рамки на Светскиот кип се возеше во австрискиот центар Золден.

Одермат, кој минатата сезона го освои големиот Кристален глобус, беше денеска најбрз и по првото возење, а победи со резултат 2:04:72 минути.

Второто место со заостанување од 0.76 стотинки го освои словенечкиот скијач Жан Крањец, додека место на подиумот имаше и за Хенрик Кристоферсон од Норвешка, кој зад Одермат заостана 0.97 стотинки.

Во Золден вчера требаше да се вози и женската трка во велеслалом, која беше одложена поради дожд.

Треба да знаете
Последни објави