Search

Наследникот на Хабиб го уништи Оливеира: Ислам Махачев е новиот шампион на УФЦ

Ислам Махачев е новиот шампион на УФЦ во лесна категорија, откако синоќа во втората рунда го принуди Чарлс Оливеира да се потчини.

ММА борачот кој со право го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, доминираше од почетокот на борбата и откако со десно кроше го собори Бразилецот, го „задуши“ во партерот.

За 31-годишниот борач од Дагестан ова е 23. победа во кариерата, а единствениот пораз го имаше пред седум години од Адријан Мартинс. Исто така, треба да се каже дека ова е негова 11-та последователна победа.

Треба да знаете
Последни објави