Search

Анчелоти: Ова веројатно е најдобрата екипа која сум ја тренирал

Тренерот на актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во суперлативи зборуваше за своите фудбалери, кои сè уште немаат пораз во новата сезона во сите натпреварувања.

-Ова е екипа која е задоволство да ја тренирате, бидејќи сите ги почитуваат одлуките кои ги носам и не предизвикуваат воопшто проблеми. Ова е една од најдобрите екипи, ако не и најдобрата која сум ја предводел во кариерата, изјави Анчелоти по вчерашната победа на Реал над Севиља во Ла Лига.

Реал пред своите гледачи триумфираше со 3-1 и остана единствена непоразена екипа сезонава во шпанското првенство.

Реал води на табелата со 31 бодови, шест повеќе со одигран натпревар повеќе, пред второпласираната Барселона.

Во мадридскиот состав отсуствуваше повредениот Карим Бензема, но Анчелоти најави дека францускиот голгетер ќе се врати во составот идниот викенд.

Треба да знаете
Последни објави